ЖивотИзбор на уредникот

Врвен руски доктор: Ова личи на подготовка за идна биолошка војна

Ситуацијата со пандемијата на коронавирусот личи на подготовка за биолошка војна, изјави рускиот детски хирург Леонид Рошаљ, пренесува Раша тудеј.

„Кога ја анализирам моменталната ситуација, сфаќам дека ова е подготовка за биолошка војна. Не велам дека овој вирус го направил човекот, нема доволно основа за такви тврдења, а и јас не сум вирусолог. Но ова е тестирање на здравствениот систем, вклучувајќи и биолошка заштита на земјата“, истакна Рошаљ во интервјуто за Форбс.

Тој укажува на тоа дека вирусот не познава граници и дека е невозможно да се предвиди ширењето на епидемијата, бидејчи луѓе од различни земји поинаку се однесуваат, и покрај сите ограничувања.

Според него, во Русија во борбата против коронавирусот учествуваат сите, вклучувајќи ги и претседателот и владата.

Рускиот лекар смета дека ниската стапка на смртност во земјата е поврзана со навременото ограничување на влезот во земјата и мерките на внатрешната контрола.

Рошаљ порачува дека е неопходно да се продолжи со носењето маски и ракавици, дека не треба да се испраќаат настинати и болни деца во градинките, дека реба да се почитуваат санитарните мерки во претпријатијата, да им се забрани доаѓањето на работа на работниците кои не се чувствуваат добро и да продолжи тестирањето за коронавирусот.

„Коронавирусот ја тестира издржливоста на човештвото и тоа како би поднеле сериозна биолошка катастрофа“, заклучува рускиот доктор.

Поврзани вести

Back to top button