Избор на уредникотМакедонија

Возот кој од Скопје тргнал во 14.30 часот накај Битола сѐ уште не е стигнат, можно е патниците да останат десет часа

Патничкиот воз кој од Скопје тргнал во 14.30 часот накај Битола сѐ уште не е стигнат. Според сознанија на Плусинфо причина за запрениот сообраќај е расипан товарен воз во близина на село Слепче кој е останат на пругата. Според порталот поради расипаниот товарен воз е блокирана пругата и патничкиот воз не може да помине, па затоа патниците се заглавени со часови на железничката станица.

Патниците на социјалните мрежи споделуваат дека кондуктерот им велел дека можеби до полноќ или во утринските часови возот ќе пристигне на својата дестинација. Тие додаваат дека од страна на Македонски железници не им бил организиран каков било превоз, па тие се оставени да чекаат со часови да се ослободи пругата.

Повеќе во Плусинфо

 

Поврзани вести

Back to top button