ВОЗНЕМРУВАЧКО ВИДЕО: Терористите брутално се иживуваат со телото на рускиот пилот

Објавено: понеделник, 1 август 2016 во 15:19
Spread the love

Бунтовниците во северна Сирија соборија руски воен хеликоптер, при чие уривање загинаа сите петмина членови на екипажот, соопшти денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Според него, како што јави ТАСС, станува збор во транспортен хеликоптер од типот МИ-8, кој бил соборен во провинцијата Идлиб,

– Колку што ни е засега познато, сите лица во хеликоптерот загинале. Тие загинаа херојски затоа што успеале да го пренасочат леталото и при падот да не предизвикаат поголем број жртви на земјата, рече Песков.

Засега не е јасно која бунтовничка група го соборила хеликоптерот.

Како што јави Би-Би-Си, хеликоптерот се враќал во својата база во Сирија од мисија за испорака на хуманитарна помош во Алепо.