Вознемирувачко видео од пукањето во Ист Гејт Мол
На социјалните мрежи е објавено видео од пукањето во „Ист Гејт Мол“ при кое се повредени две лица, едниот од нив е во критична состојба. На видеото се гледа како двете лица на кои е пукано излегуваат од теретана и се упатуваат кон најблискиот излез и скали.
Инаку денес повторно имаше пукање во скопскиот трговскиот центар „Ист Гејт мол“. Посетителите во паника бегаат и го напуштаат трговскиот. Во инцидентот повредени се две лица.
– Денеска (24.10) од трговскиот центар Ист Гејт во Скопје е пријавено дека било пукано кон две лица кои се здобиле со повреди и се пренесени во болница за укажување помош. Полициски екипи се упатени на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.
поред првичните информации, едно од лицата е со потешки повреди и е пренесено во Клиничкиот Центар „Мајка Тереза“, додека другиот повреден е во ГОБ „Св. Наум Охридски“.
Дел од медиумите, неофицијално објавуваат дека е пукано кон Раде Трајковски Штекли и уште едно лице. Кон него, на истото место беше пукано и на 25 август годинава, но не беше погоден.
Тогаш маскираните лица кои пукаа од возило ауди со странски регистарски таблички избегаа од местото, а возилото беше пронајдено запалено кај езерото Треска кон Грчец.
ЕКСКЛУЗИВНО ВИДЕО ОД ПУКАЊЕТО ВО ИСТ ГЕЈТ: Врз Раде Штекли е пукано како во див запад! (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО) pic.twitter.com/3DosqGp7OR
— Курир (@KurirMK) October 24, 2023