ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Леопард повредил шест лица во училиште во Индија
Еден леопард навлегол во комплексот згради во училиште во градот Банглоре во Индија и притоа повредил шест лица, додека се обидувале до го фатат.
Меѓу повредените се и еден локален зоолог, вработен во шумското стопанство, како и телевизиски камерман кој ја снимал „борбата“ на луѓето со опасното диво животно.
Леопардот бил забележан во училиштето вчера во раните утрински часови, а бил заробен и ставен под контрола дури по повеќе од десетчасовна „борба“, откако претхоно бил „смирен“ со помош на инјекција испукана од специјална пушка.
Потоа, животното било вратено во шумата, која е Национален парк.
Засега не е познато како животонот се нашло во училишниот двор, но се верува дека залутало од шумата која се наоѓа во близина, особено затоа што во неделите нема настава и училиштето било празно.
Шумарите на парковите објаснуваат дека не е првпат некоја од „големите диви мачки“, каков што е леопардот, да излезат од шумите и да навлезат во населени места, предизвикувајќи проблеми за луѓето, но не ретко страдаат и животните.
Според проценките на експертите, во Индија има меѓу 12 и 14 илјади леопарди.