Uncategorized

(ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО+18) Таксист со еден удар убива муштерија

Лицето М.К. од Нови Пазар подлегна на повредите со кои се здоби за време на тепачката со таксистот Војислав А.

Како што пишува Ало, неофицијално, до конфликтот дошло меѓу таксистот и муштеријата, а како што Вијислав им соопштил на полицијата, до истиот дошло поради тоа што муриз не сакал да го плати возењето.

„Според сметката на таксистот, двајцата таа вечер заедно испиле неколку пијалоци, а по возењето Муриз обди да ја плати сметката. Застанаа на една пумпа, вербално влегоа во конфликт, по што Војислав го удри Муриз, а овој падна и со главата удри во асфалтот“, изјави извор од истрагата.

Помош веднаш му била укажана во болницата, а како поради тоа што имал крварење на мозокот веднаш бил префрлен во Клиничкиот центар во Крагуевац, каде лекарите неколку дена се бореа за неговиот живот.

На таксистот му е одреден 30 дневен притвор поради што се сомневаат дека сторил кривично дело нанесување телесни повреди, но потоа М.К. им подлегнал на повредите, а делото било преквалификувано како нанесување на тешки телесни повреди со смртоносен исход.

Кривичната пријава е поднесена портив Игор Н. сопственик на такси возило кое го управувал Војислав А, поради вршење на неовластени активности. Имено, тој нема регистрирана такси фирма, обично возило го залепил со такси назнаки, и го ангажирал Војислав А, за да го изврши такси превозот.

Погледнете го вознемирувачкото видео:

Поврзани вести

Back to top button