Свет
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО+18: Десетици загинати и повредени во напад на арапската коалиција во северен Јемен
![](https://globus2.com/wp-content/uploads/2016/03/saudijska-vojska-flickr.jpg)
Најмалку 65 луѓе загинаа, а 55 се повредени во два воздушни напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија врз пазар во градот Мастаба, северен Јемен, јави државната агенција САБА.
САБА е под контрола на шиитските бунтовници Хути, кои го контролираат бомбардираниот реон во Јемен.
Арапската воена коалиција предводена од Саудиска Арабија сака да ги порази Хутите и да ја вратат власта на соборената сунитска власт во Јемен.
Во близина на пазарот во Мастаба нема воени објекти.
Мастаба е во провинцијата Хаџа, која е под контрола на Хутите од септември 2014 година.