Свет
ВОЗНЕМИРУВАЧКО ФОТО+18: Брутален напад на армијата на Саудиска Арабија врз цивили

Најмалку 65 луѓе загинаа, а 55 се повредени во два воздушни напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија врз пазар во градот Мастаба, северен Јемен, јави државната агенција САБА.
САБА е под контрола на шиитските бунтовници Хути, кои го контролираат бомбардираниот реон во Јемен.

Арапската воена коалиција предводена од Саудиска Арабија сака да ги порази Хутите и да ја вратат власта на соборената сунитска власт во Јемен.

Во близина на пазарот во Мастаба нема воени објекти.
Мастаба е во провинцијата Хаџа, која е под контрола на Хутите од септември 2014 година.




