Македонија

Вонредната инспекција не нашла злоупотреба кај училиштата за „Бадникови поворки“

Вонредниот надзор на просветниот инспекторат покажал дека училиштатa немаат одговорност во организирањето на децата за манифестацијата „Бaдникови поворки“.

– Ги разгледав записниците од сите градови и дојдов до заклучок дека училиштата не реализирале вреко делување. Логично се поставува прашањето како децата се нашле на улица, како дел од манифестацијата. Заклучивме дека се организирале преку социјалните мрежи, и на повик на невладини организации. Пристигнале заедно со родителите, а ние не можема да забраниме настани кои се одвиваат на улица, надвор од училиштето – вели директорот на инспекторатот Томе Спировски за ТВ Телма.

Манифестацијата „Бадникови поворки“ вклучи околу 7.000 деца од повеќе градови во Македонија.

Поврзани вести

Back to top button