Македонија

Воислав Шешељ открива: Ова се вистинските причини за хаосот којшто владее во Македонија!

Според зборовите на лидерот на Српската радикална странка, Воислав Шешељ, состојбата во Македонија е дел од специјалната војна којашто Западот ја води против Русија.

Гостувајќи на информативниот ТВ канал Пинк3, лидерот на радикалите, Воислав Шешељ го изнесе своето тврдење дека Западот и на Балканот води војна против Русија.

За да го поткрепи своето тврдење, претседателот на радикалите ја анализираше моменталната состојба во Македонија.

Според неговите зборови, македонскиот премиер Никола Груевски, водејќи се од интересите на македонскиот народ, ги отворил можностите за комуникација со Русија.

Тоа одеднаш отпочна лавина од западна хистерија и пропаганда против неговиот режим со цел да го соборат од власта.

Што вели Шешељ понатаму за целата состојба во Македонија, погледнете во видео записот:

Поврзани вести

Back to top button