Избор на уредникотМакедонија

Во затворена група на „Телеграм“ македонски средношколци споделуваат експлицитни фотографии на свои врсници

Двата медиуми кои успеале да влезат во групата и сами посведочиле за содржините што се споделуваат се обратиле до МВР, но засега од таму не добиле одговор

На апликацијата Телеграм (слична на Вајбер) креирана е група насловена како „Јавна соба“ на која се споделуваат и се коментираат експлицитни фотографии и видеа на малолетни девојчиња од земјава.

Ваква информација пристигнала до редакциите на Радио МОФ и на А1.он кои успеале да влезат во групата и откриле фрапантни податоци – групата постои околу еден месец, има над 7.400 членови, а зачленување оди преку испраќање приватни пораки, по што автоматски си дел од групата.

Фото: А1.он (принтскрин)

Средношколци членови на групата за Радио МОФ сведочат дека дел од сликите кои се објавуваат и се коментираат се преземени од отворени профили и тоа најчесто се малолетни девојчиња, при што се споменуваат со имиња и презимиња или со местото на живеење.

Новинарите на Радио МОФ и самите биле сведоци како во рок од половина час биле споделени десетина видеа и фотографии со експлицитна содржина, на што следувале неколку стотици коментари.

А1.он стапиле во контакт и со професорка од едно средно училиште која раскажал дека тоа се фотографии и видеа од малолетни девојчиња од 12 и 13 години и малку повозрасни, дел од фотографиите се од нивните профили, но некои се и добиени од приватни комуникации со пријатели или парнери. Професорката се сомнева дека голем дел од профилите се и лажни и не се знае возраста на членовите. Она што е шокантно според неа е што во дел од случаите се работи за порнографски фотографии кои секој од членовите  може да ги зачува и да ги користи.

Двата медиуми кои сами посведочиле за содржините што се споделуваат во оваа група на Телеграм се обратиле до МВР, но засега од таму не добиле одговор.

Поврзани вести

Back to top button