Во ЦЕРН Швајцарија се принесуваат човечки жртви?
Европскиот центар за нуклеарни истражувања (ЦЕРН) започна истрага откако на интернет се појави видео – пародија на принесување на човечка жртва снимена навечер во нивните простории.
На 11-ти август се појави видео запис кој досега е прегледан над 90 илјади пати. На видеото можат да се видат неколку лица кои што изведуваат некаков си обред пред кипот на божицата Шива во дворот на Европскиот центар за нуклеарни истражувања кој се наоѓа на француско-швајцарската граница, недалеку од Женева.
„Видеото е снимено во внатрешноста на оградениот простор, но без наша дозвола и знаење“, стои во соопштението на портпаролката на ЦЕРН која што откри дека нуклеарниот центар отворил посебна интерна истрага.
Видеото го искористија интернет страниците кои што се занимаваат со теории на заговор кои што тврдат дека во ЦЕРН се изведуваат ритуали и се принесуваат човечки жртви.
Сепак, покрај тоа што целата ситуација изгледа како само една непримерна шега, најмногу се доведува во прашање безбедноста на оваа научна установа каде што се извршуваат сериозни експерименти во полето на физиката и многу други науки.