Во Шпанија запленети 5 тони кокаин вреден 265 милиони евра, уапсени пет Албанци
Шпанските власти разбиле албанска криминална банда која шверцувала 5 тони кокаин скриен во товар со банани, при што биле уапсени пет лица, јавија албанските медиуми. Дрогата била прошверцувана во пристаништето Малага, а потоа запленета, откако била пренесена во магацин на индустриски имот во Аликанте.
Според шпанските медиуми, ова била најголемата заплена на наркотици досега.
Кокаинот, кој пристигнал од Еквадор во пратка банани, имал чистота од 87% а неговата пазарна вредност достигнува 265 милиони евра.
Полицајците пронајдоа два камиона што ја превезувале дрогата и виделе како стоката ја растоварале осомничените членови, кои носеле рефлектирачка облека за да се преправаат дека се редовни работници во областа.
Според полицијата, осомничените трговци со дрога постојано го менувале местото на живеење, често патувале во странство и имале различни фирми за перење пари стекнати од трговија со дрога.