Свет
Во овој затвор сите се осудени на смрт, но тоа воопшто не ги загрижува
Во затворот Сен Квентин во Калифорнија моментално престојуваат 725 осуденици на смрт, повеќе отколку во било која друга установа во САД. Сепак, затворениците воопшто не размислуваат за смртоносната инекција, туку безгрижно играат кошарка во дворот.
Американецот Скот Питерсон ладнокрвно ја убил својата сопруга и нероденото бебе, поради што му е одредена смртна казна. Меѓутоа, бидејќи во Калифорнија ниеден осуденик не е погубен во минатите десет години, тој не се чувствува како деновите да му се одброени.
Од дворот во затворот има поглед на Заливот Сан Франциско, каде на Бадниковата вечер во 2002. година го фрлил телото на својата сопруга Ласи, која била во осмиот месец од бременоста. Дозволено му е да шета во дворот 10 часа неделно и да комуницира со другите осуденици.
Чарлс Крафорд, кој истата година извршил двојно убиство, вели дека правилата се прилично “лабави”.
“Понекогаш се чувствувам како да не сум зад решетки”, вели тој.
Чарлс Кејс, крадец кој исто така убил две лица, има 75 години и прилично е релаксиран.
“Стотина луѓе чекаат на погубување. Додека ми дојде редот на мене, јас одамна ќе бидам мртов”, вели Кејс.
Меѓутоа, има и такви кои би сакале државата конечно да го реши застојот во извршувањето на смртната казна, настанат поради ставот на федералниот судија дека моменталните методи за погубување се премногу сурови.
“Ова е најлошо место во светот. Дијабетичар сум и годините ме стигнаа. Тоа е премногу за еден старец”, цели Ричард Хиршфилд, кој пред три години киднапирал и убил пар 18-годишни момчиња, откако силувал тинејџерка.
Од 1978. година во Калифорнија биле погубени само 13 затвореници. Околу 90 од нив починале зад решетки од природна смрт или самоубиство.