Бизнис

Во овој град платата е 1.200 евра месечно а киријата 15 и нема криминал

Мариналеда е мало гратче во Андалузија на југот од Шпанија кој на површина од 25 километри квадратни брои околу 2.700 жители. Жителите на Мариналеда не се плашат да ги изразат своите политички убедувања. Наместо бласкави реклами и брендови има улична уметност во облик на графити и мурали со пораки за поддршка и солидарност со земјите како Куба и Венецуела. Улиците носат имиња на славни борци за работничките права како што се Федерико Гарсија Лорка и Пабло Неруда.

Додека остатокот од Шпанија со бори со домашната олигархија и странските банки кои ја презедоа земјата, одлуките во овој град се донесуваат директно по демократски пат на неделните состаноци кои обично ги посетуваат околу 300-400 луѓе. Додека невработеноста во Шпанија достигна 27 проценти, во Мариналеда е остварена речиси потполна вработеност.

Навалицата за доселување е толку голема што е воведена листа на чекање за вселување, а се чека и по две години. До сега се изградени 350 куќи, а во следните две години би требало да се изградат уште 250. Просечната месечна плата на вработените изнесува 1.200 евра месечно. Можеби ви изгледа премногу, но кога ќе се погледне цената на кириите која кај нив изнесува 15 евра месечно, јасно е дека со таква плата може сосема пристојни да се живее.

Градот обезбедува пристап до бесплатен интернет. Фасцинантни се и спортски содржини во овој град со едвај 2.000 жители: два фудбалски терени, терен за кошарка, терен за тенис, сквош и одбојка, базен…Сите тие жителите можат бесплатно да ги користат, освен базенот за кој се плаќа годишен недомест. Мариналеда има и своја црква, но мошне се слаби активностите.

Во овој град луѓето сами си ги градат куќите, а еден од нив е и Давид Гонзалес Милона. Откако најмалку две години поминал како регистриран жител на Мариналеда, од локалните власти добил потребен материјал за изградба на куќа, а откако ќе ја изгради ќе почне да плаќа по 15 евра месечно на истата власт за да ги рефундира трошоците за користениот материјал.

Се разбира бидејќи не знаат сите да градат куќи, властите им испраќаат помош преку професионални градежници и архитекти кои им помагаат во изградбата. Куќите не може да се продаваат со што се спречува можноста за профитирање. Еднаш месечно во градот се обележува т.н. Црвена недела кога некој на пленумот ќе изнесе идеја за тоа како градот би можел да стане уште подобар или поубав. Доколку се прифати идејата, волонтерите ја завршуваат таа работа. Понекогаш станува збор за чистење на улиците, некогаш за поправки на фасадите…

Градот има своја сопствена телевизија и радио станици, а неодамна гостин во студио била ќерката на Че Гевара. Тука нема полиција.

Поврзани вести

Back to top button