Свет

Во муслиманско училиште во Шведска ги одвојуваат момчињата од девојчињата

Шведскиот премиер Штефан Лефвен ја осуди „сегрегацијата“ во муслиманско приватно училиште во Стокхолм за кое се верува дека ги разделу девојчињата и момчињата во автобус и на спортските терени.

Телевизијата ТВ4 емитувала исечоци од документарен филм за основното училиште Ал азхар во кои се гледа како девојчињата влегуваат во задниот, а момчињата во предниот дел од автобусот.

На возраст од шест до десет години, наутро и навечер се возат со автобус од дома до училиште и назад низ квартовите на северозападот на главниот град на Шведска.

„Сметам дека е ужасно. Нема место за тоа во Шведска“, коментираше Лефвен на прашањето на новинарите во Стокхолм. Тој додаде дека побарал од својот министер за образование истрага за тоа што го нарече „сегрегација“ во верското училиште.

Приватното училиште веќе било фокус на слична дебата. Во август 2016 новинарите открија дека академските власти дале согласност за одвоени часови по физичко за половоите.

Поврзани вести

Back to top button