Свет

Во Лондон уапсен е нарко босот Султан

Долгогодишната цел на американската Агенција за борба против трговија со наркотици (DEA), Мухамед Асиф Хафиз, познат како Султан, уапсен е во Лондно под обвинение дека овозможил голема операција на трговија со дрога, објави канцеларијата на американското Државно обвинителство, во Менхетен.

Американските власти ќе побараат испорака на 58-годишниот Пакистанец, пренесе АП. Тој во САД би требало да се соочи со обвиненија, меѓу кои и заговор за увоз на хероин во САД, заговор за увоз на амфетамин, како и помагање и поттикнување дистрибуција на хероин, за кои му се заканува затворска казна од најмалку 10 години.

Поврзани вести

Back to top button