Во Италија уапсен македонскиот државјанин Карлито Бриганде
Во антитерористичка акција која во вчера во Рим ја спроведе италијанската полиција, осомничени се повеќе лица за тероризам и врски со ИСИЛ. Станува збор за двајца македонски државјани, еден е во затвор од ноември 2015, додека вториот македонски државјанин во текот на неделава е уапсен во Рим. Тој е бегалец од македонски затвор, кај кого пронашле лажни документи.
Третиот осомничен е маж од Тунис кој во моментов е на боиштата во Ирак. Групата е осомничена дека имала план за поставување бомба во Италија, а полицијата прислушкувала телефонски разговор во кои двајца од осомничените зборувале за нападот.
Бегалецот од македонскиот затвор Идризово, според се уште не потврдени информации се вика Карлиото Бриганде, се наведува во италијанските медиуми. Станува збор за дебарчанецот кој порано се викаше Вулнет Макелара. Беше осуден за повеќе насилни криминални дела, а пред повеќе години успеа да избега од Идризово, откако не се врати од затворенички викенд. Македонските институции се уште официјално не може да го објават идентитетот на двајцата осомничени македонски државјани.