Избор на уредникотСвет

Во Газа гранатирана третата најстара црква во светот (ВИДЕО)

Палестинските власти објавија дека грчката православна црква Свети Порфириј во Газа, во која биле сместени раселените Палестинци, била бомбардирана, од страна на Израелците. Генералниот директор на болницата Шифа Мухамед Абу Селмија изјави дека десетици луѓе се повредени, но дека не може да го наведе точниот број на загинати бидејќи некои тела се уште се под урнатините, пренесоа агенциите.

Палестинските власти соопштија дека за експлозијата е одговорен израелски воздушен напад.

Грчката православна патријаршија во Ерусалим го осуди нападот и додаде дека „нема да се откаже од својата верска и хуманитарна должност“ да пружи помош. Еден од преживеаните изјави за медиумите дека израелската армија претходно не испратила предупредување.

– Според извори во околината, десетици Палестинци најверојатно загинале под урнатините на една од најстарите цркви во Газа. Поголемиот дел од убиените се парохијани, кои побарале засолниште од воздушните напади во историската зграда на црквата Свети Порфириј и се раселени лица од северните и јужните области на Газа, пишува „Нафтемборики“.

Тие проценуваат дека околу 1.000 луѓе нашле засолниште во црквата, училиштето и другите објекти.

Архиепископот Тивериополски Алексиос од Ерусалимската патријаршија во ексклузивен коментар за грчката телевизија ЕРТ-1 изјави дека во моментот на нападот во зградата имало околу 400 луѓе.

Поврзани вести

Back to top button