Владата си игра мајтап со македонскиот народ, Арачиново каде ниту се плаќа струја ниту даноци доби помош од 1,1 милиони евра, ВМРО-ДПМНЕ молчи и чека избори
Арачиново повторно доби владина помош, овој пат 1.1 милиони евра. „Конечно ќе се санира каналот за отпадни води во Општина Арачиново. На денешната седница на владата ја донесовме одлуката за спроведување на постапка за јавна набавка за регулирање на обиколниот канал во оваа општина“, напиша вицепремиерот Артан Груби на неговиот официјален Фејсбук профил.
И ова не е прв пат директно да се помогне на Арачиново. За време на Ковид – кризата Владата одлучи да го помогне Арачиново со половина милион евра неповратна помош за справување со здравствената криза. Тогаш во Арачиново имаше 21 заболен од Ковид – 19, а во дел од скопските општини бројките беа над 1000, но не добија финансиска помош. Општина Арачиново е општина во која наплатата на даноци изнесува нула, истовремено и од ЕВН соопштија дека кражбата на елктрична енергија во оваа општина изнесува 6 милиони евра.
Интересен е фактот што ова одобрено од оваа Влада која слично на Владата на Заев е само извршител и измеќар на ДУИ не наиде на критика од опозициската ВМРО-ДПМНЕ која и кога е во власт и кога е во опозиција не покажува скоро никаков или само млак отпор секогаш кога некоја одлука е иницирана од ДУИ.