Избор на уредникотМакедонијаТоп

Владата набавува лешници, бадеми, фстаци, зачини, сладоледи и останати производи за 11 милиони денари

Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија набавува лешници, бадеми, фстаци, зачини, сладоледи и останати производи за 11 милиони денари.

На веб-страницата за јавни набавки е објавена рамковната спогодба со две компании од кои СОЗР ќе ги набавува овие производи.

Меѓу производите се разни зачини, шлаг, сладоледи, замрзнати пирошки, замрзнати зеленчуци, но и апетисани (бадем, лешник, фстак, индиски орев и кикирики.

Во финансиската понуда стои дека СОЗР ќе набави бадем прва класа нелупен, печен, солен,
пакуван во најлонска ПВЦ амбалажа од 100 гр. до 200 гр. кг. со калибража 20/22, Лешник бел прва класа без лушпа, печен, солен, пакуван во најлонска ПВЦ амбалажа од 100 гр. до 200 гр. со калибража 13/15, Индиски орев прва класа без лушпа, печен, солен, пакуван во најлонска ПВЦ амбалажа од 100 гр. до 200 гр, Фстак прва класа печен во јатка, солен, пакуван во најлонска ПВЦ амбалажа од 100 гр. до 200 гр. со калибража 9/11 и Кикирики црвени прва класа без лушпа, непечени, пакувани во најлонска ПВЦ амбалажа од 100 гр. до 200 гр. со калибража 50/60.

Во продолжение цените по кои ќе бидат набавени овие производи.

извор: infomax.mk

Поврзани вести

Back to top button
Globus 2