Избор на уредникотСветТоп

Вистински егзодус од Косово, за пет години 25.000 лица се откажале од косовското државјанство

За пет години 25.000 лица се откажале од косовското државјанство, додека само во 2022 година тој број изнесува 4.708, пренесува Економија онлајн. Според податоците на Министерството за внатрешни работи, од 1 јануари до 19 декември 2022 година, бројот на оние кои се откажале од косовското државјанство изнесува 4.708, што е помалку отколку во истиот период од 2021 година, кога 4.787 државјани на Косово се откажале од државјанството.

– Од нив 2.346 мажи и 2.362 жени, изјави портпаролката на косовското МВР Нора Фетоши.

Фетоши вели дека главните причини поради кои граѓаните се откажуваат од државјанството е пред се тоа што многу земји од Европската унија не дозволуваат двојно државјанство, вклучително и некои земји кои не се дел од ЕУ.

– Имајќи предвид дека голем број косовски граѓани со години живеат во земјите на ЕУ, а голем број се родени во тие земји и на тој начин автоматски се стекнале со право на стекнување државјанство, тие се должни да се откажат од претходното државјанство доколку сакаат да стекнат државјанството на таа земја, рече таа.

Тој додава дека во текот на 2022 година голем број граѓани добиле државјанство на Косово. Во 2022 година 574 лица се стекнале со државјанство.

Поврзани вести

Back to top button