Живот

Виолетов леб, хит во светот

Белиот леб веќе подолго време се смета за главен непријател на линијата и здравјето, тој е поврзан со дебелината и високиот крвен притисок кај луѓе.

Професорот Жоу Веибиао од Универзитетот во сингапур пронашол начин на решавање на тие проблеми, задржувајќи ја текстурата и вкусот на лебот. На светот тој му го претстави најновиот хит во исхраната – виолетов леб кој е многу поздрав од белиот леб.

Жоу сакал да пронајде начин да ја промени формулата на лебот, но сепак да го заджри неговиот одличен вкус и мекост. Резултат на неговото истражување е виолетовиот леб, за кој вели дека е направен од целосно природни состојки.

Violetov leb2

Тој започнал со екстракција на антоцијанин, природен син пигмент од црниот ориз, кој може да се пронајде и во боровинките и во грозјето, изоставувајќи го неговото скробно соединение. Антоцијанинот го вмешал во тестото и добил леб кој е далеку подобар за човечкото тело отколку белиот.

Кога лебот ќе се испече на 200 степени, 80 отсто од антиоксидантите на антоцијанинот остануваат сочувани. Ова соединение реагира и со ензимите на скробот од брашното, поради што виолетовиот леб се вари 20 отсто полесно од обичниот, што овој производ веднаш го лансира на листата на супер-храна.

Уште една од причините што виолетовиот леб се наоѓа на таа листа и тоа што во суштина е најголемиот проблем што премногу брзо се вари во организмот, што му овозможува на шеќерот директно да оди во крвотокот.

– Доколку сакате да уживате во текстурата на лебот и да го забавите варењето, ова веројатно е најдбриот начин – објаснил Веибиао и додал дека преку виолетовиот леб внесувате исто количество на скроб и пченично брашно, па нутритивната вредност останува иста. Клучната идеја е да го забавите ослободувањето на енергијата,за да може калориите да ги трошите во тек на подолг временски период – истакнал тој.

За антоцијаните се верува дека позитивно влијаат на дебелината и помагаат во превенција на кардиоваскуларните и невролошките болести , па дури и ракот.

Овој леб се уште не е достапен во продажба, но професорот работи на соработка со престижните производители на храна, со цел што поскоро да се најде во супермаркетите.

Поврзани вести

Види и...
Close
Back to top button