Живот

Научна револуција: Наскоро пилула која го забавува стареењето?

Научниците откриле клучна компонента во процесот на стареење, и на пат се да направат пилула, која би можела да продолжи човековиот век за една деценија.

Молекулите на протеинот “GSK-3”, се одговорни за кратењето на животниот век, покажува новото истражување и предложува можност за продолжување на животот со исклучување на тие протеини.

Експериментите со овошните мушички кои исто така го поседуваат “GSK-3” протеинот, покажале дека употребата на мала количина литиум може да ги инхибрира тие протеини и така да го продолжи животот на инсектите за 16 проценти.

Истражувањата раѓаат надеж дека литиумот, или можеби некој сличен медикамент со помалку попратни ефекти, може да се претвори во пилула за продолжување на човековиот живот.

Меѓутоа, тоа што можеби е поважно, е дека податоците о истражување на овој протеин би можеле да помогнат во спречување или забавување на развој на болести како алцхајмер, дијабетес, Паркинсонова болест и рак.

“Многу сме возбудени поради “GSK-3″. Тоа значи дека сите видови на болести кои се поврзуваат со стареењето би можеле да бидат спречени во блиска иднина, бидејќи би можеле да станат дел од терапијата кај средновековни лица”, рекол доктор Иван Кастиљо, главен автор на научното истражување.

Тој вели дека правењето на вакви пилули би можело да се очекува во наредните децении. Научниците од Институтот “Макс Планк”, меѓу другите, учествуваат во истражувањето и наскоро ќе прават експерименти на посложени животни.

Поврзани вести

Back to top button