Бизнис

Винскиот советник на кралицата Елизабета го препорачува „Вранец“ на „Стоби“ за Божик

Британскиот вински гуру Џенсис Робинсон која воедно е и колумнист на реномираниот весник „Фајненшл тајмс“, на својот веб-сајт го издвои виното „Вранец“ на македонската винарија „Стоби“ како главна препорака за Божиќ.

Експертката која е и советник за винската визба на кралицата Елизабета Втора посочува дека црвеното вино од бербата од 2011 година е врвен избор за празничната трпеза.

– Некои неверојатно добри вина може да се најдат на најмалку очекуваните места. „Вранец“ на винаријата „Стоби“ би чинело двојно повеќе доколку доаѓаше од некоја очекувана, мејнстрим локација, а не од Република Македонија. Очигледно многу вешто е мешано од мојата колешка која исто така ја има титулата Master of Wine, Каролин Гилби и е специјалист за вински прашања и за Југоисточна Европа – пишува Џенсис Робинсон.

Поврзани вести

Back to top button