Uncategorized

ВИДОЕ: Пронајдена е жешка река која ќе ги свари сите што ќе паднат во неа

Водата во реката е доволно врела за од неа да можете да си направите чај, а на некои места буквално врие. Неа ја открил геологот Андреас Рузо, а сега се труди да ја зачува оваа чудесна река.

Мистериозната река во Амазон, во која водата е толку жешка, што врие, не е само легенда. Геологот Андреас Рузо успеал да ја пронајде со помош на својата тетка.

vrela-reka

Рузо дознал за оваа река од неговиот дедо кој му раскажувал како шпанските освојувачи го убиле последниот крал на Инките. После тоа, Шпанците отишле длабоко во прашумата во потрага за злато. А, кога се вратиле, зборувале за страшните работи кои ги доживеале како отровна вода, змија која јаде луѓе и реката која е толку жешка што во неа не може да се стави ниту прстот.

Како млад доктор по геофизика на „Southern Methodist University “, Рузо посакал да ја пронајде мистериозната река.

vrela-reka1

„Кога пораснав, почнав да се прашувам дали е тоа возможно. Реките кои вријат постојат, но мора да имаат силен извор на топлина, а тоа се најчесто вулканите“, раскажал Рузо, пишува Daily Mail. „Почнав да испитувам луѓе за реката. Дали може навистина да постои река која врие? Прашував колеги на факултет, владата, нафтени компании… И сите ми одговорија со ’не’“.

vrela-reka2

Но, за време на ручекот, тетка му му рекла дека таа навистина ја видела таа река, дури и пливала во неа. И покрај скептицизмот, Рузо во 2011 година заедно со неговата тетка отишол во џунглата.

Набрзо ја открил реката која врие во близина на светата лековита област на народот Ашанинка. Во најширокиот дел, реката е широка 25 метри и длабока околу шест метри. Водата во реката е доволно врела за да можете да си направите чај, а на некои места буквално врие.

„Ако ја ставев раката во водата, ќе добиев изгореници од трет степен. Ако нурнам во реката, тоа сигурно би ме убило“, рекол Рузо, пишува Daily Mail. Реката врие поради пукнатините во карпата која се наоѓа под неа.

„Исто како што ние имаме топла крв која тече низ нашите вени, така и Земјата има жешка вода која тече низ нејзините пукнатини и процепи. Кога тие Земјини артерии ќе стигнат до површината, доаѓа до геотермални феномени: испарувања, жешки извори или, во овој случај, реки кои вријат. Делови од реката се толку жешки, што животните веднаш умираат штом паднат во неа“, објаснува Рузо.

Тој вели дека видел многу животни кои така завршиле. Прво што зоврива се очите и ти стануваат млечно бели. Животните се обидувале да испливаат, но не успевале да побегнат бидејќи топлината брзо ги убивала. Науката досега не се занимавала со овој феномен, но Рузо планира да го промени тоа. Тој ја објавил книгата „Река која врие: Авантурата и откритието во Амазон“, а сега се обидува да ја заштити реката чија околина се уништува со сечата на шумите.

Поврзани вести

Back to top button