Гасниот кратер Дарваза, сместен во пустината Каракум во Туркменистан, е длабок 30 метри и на него може да се види огромен пламен, поради што го нарекувале Врата на пеколот.
Наоѓалиштето на природен гас го откриле советските научници во 1971. година, мислејќи дека станува збор за неисцрпно наоѓалиште на нафта. Откако поставиле камп, ги подготвиле бушалките и работните машини, почнало истражувањето на количините, при што сфатиле дека станува збор за природен гас, а не за нафта, како што најпрво се претпоставувало. Почнало ископувањето и складирањето на природниот гас.
Кратко по почетокот на ископувањето, под бушилката се отворил голем кратер и ја повлекол истата во земја. При рушењето не бил изгубен ниеден живот, но почнале да протекуваат големи количини на метан, создавајќи голема катастрофа за околината и луѓето во селата во близина. Тоа резултирало со смрт на неколку жители во околните села.
Плашејќи се од катастрофа од пошироки размери, и протекување на поголема количина на гас, научниците одлучиле да го запалат гасот кој течел.
Се мислело дека целиот гас ќе изгори за неколку дена, но тоа се покажало како грешка, бидејќи количината на запалениот гас е преголема.
И денес, неколку децении подоцна, кратерот и натаму гори.