На околу десетина километри од Скопје, на падините на Скопска Црна Гора се наоѓа едно од најстарите села во Македонија, а тоа е селото Глуво кое наскоро треба да го краси и 15,4 метри висок крст, пренесува gladiator.mk.
Селото Глуво на почетокот на месец март почна со нов проект, а тоа е изградба на голем христијански крст, кој беше најавен уште за време на меморијалниот турнир кој се организира во селото.
Светиот крст ќе биде со висина од 15,4 метри и ќе биде поставен на ридот над селото Глуво, односно највисоката точка над манастирот „Св. Атанасиј“, а секој кој сака да помогне во изградбата на крстот со донација може да добие повеќе информации на телефонскиот број 077753245.