Свет

ВИДЕО: Викал “Алах Акбар” и избодел четири лица на Железничка

Едно лице е убиено, а најмалку четворица се повредени откако рано изутринава осомничен исламист, наводно извикувајќи „Алах Акбар“ (Господ е голем) со кујнски нож нападнал патници на железничка станица во близина на Минхен, јави Би-Би-Си.

Нападот се случил утрово во 04.50, во гратчето Графинг, а напаѓачот веднаш е уапсен.

Портпаролката на германската полиција Михаела Гроб нагласи дека мажот е уапсен и дека властите работат на утврдување на неговиот идентитет.

Градоначалникот на Графинг Ангелика Обејмаер за „Зидојче Цајтунг“ изјави дека осомничениот е од германска националност.

– Помислата дека луѓе кога се качуваат на С-Бан воз на прекрасно утро или ги извршуваат своите обврски и потоа да станат жртво на манијак е ужасна, изјави таа.

Пожарникар за весникот „Меркур“ изјави дека од грб бил нападнат возачот кој доставува весници.

Поврзани вести

Back to top button