Uncategorized

Видео: Вака изгледа најбогатата свадба на светот

Рускиот милијардер Михаил Гуцериев издвоил вистинско мало богатство за венчавката на неговиот син Саид Гуцериев и неговата избраничка деветнасетгодишната Хадиџа.

Сопственикот на нафтената компанија Роснефт, кој инаку е на 16 позиција на најбогатите луѓе во Русија, организираше свадба за својот наследник за која ќе се зборува во наредните години, а тешко дека некој ќе ја надмине.

Младенците уживаа во настапите на најголемите светски музички ѕвезди како Џенифер Лопез, Енрике Иглесијас, Бијонсе и Елтон Џон. Настапот на Елтон Џон чинел цели седум милиони евра, а Џенифер својот настап го наплатила пет милиони евра.

„Mладенците се од многу добри и почитувани семејства. Свадбата беше убаво, во воздухот се чувствуваше добра енергија, а водителите направија се за во целост да ја испочитуваат нашата традиција и обичаи. Јас од се срце им посакав убава заедничка иднина, многу деца и да ги почитуваат своите родители“ – напиша претседателот на Ингушетија, Јунус Бек Јевкуров.

Деветнаесетгодишната невеста е студентка на московскиот стоматолошки универзитет „Евдокимов“ а на свадбата носеше специјално изработен фустан од креаторот Елија Саба.

Поврзани вести

Back to top button