Видео: Ужасна грешка на презентерот на Мис Универзум, прогласи друга победничка!

Објавено: понеделник, 21 декември 2015 во 11:16
Spread the love

Добитничка на престижната титула „Мис Универзум 2015“ е 26-годишната Филипинка Пиа Алонсо Вурцбах, јави ТАСС.

филипини

Финалето на натпреварот сепак беше ставено во сенка поради направена грешка. При прогласувањето на победничката  на „Мис Универзум“ прво беше прочитано името на претставничката на Колумбија, 21-годишната Аријадна Гутиереш Арева.

Part-WAS-Was8990536-1-1-0

На главата веќе и беше ставена и победничката  круна кога водителот Стив Харви почна да се извинува дека погрешно го прочитал името од ковертот со резултатите.

Part-WAS-Was8990527-1-1-0