Заменикот на косовскиот премиер Бранимир Стојановиќ најостро го осуди скрварењето на православниот храм во Приштина, кое, како што наведува, го направила група на демонстранти кои дошле на вчерашниот протест во тој град и го оцени како неопходно што поскорото подигнување на ограда околу таа недовршена црква.
Стојановиќ смета дека ваквото однесување е срамно и нецивилизирано, но дека е срамно и тоа што, како што додава, полицијата мирно ги набљудуваше демонстрантите додека влегувале во храмот.
„Уринирањето во светиот храм е срамно, нецивилизирано, вандалско однесување“, изјави Стојановиќ во пишаната изјава.
Како што истакнува, српските светости, на Косово и Метохија постојано се оскрвавуваат, но особено тој храм на кој на некого многу му смета, и затоа е најчеста мета на вандалите.
Поради тоа, смета Стојановиќ, неопходно е да околу него се подигне ограда, што побрзо и сторителтие на овие срамни и нецивилизирани дела да се спречат во понатамошно скрварење на храмот.