Uncategorized
ВИДЕО: Удри гром среде фудбалски натпревар, играчите бегаа во соблекувална
Силен удар од гром во Горни Милановац, Србија го прекина натрпеварот од суперлигата меѓу Металац и Младост од Лучани на десетина минути.
Главниот судија не морал да го покаже патот кон соблекувалната, затоа што исплашените фудбалери веднаш истрчаа кон излезот, а локалното дерби е продолжено кога облаците над Милановац се смириле.
Камерата која го забележи моментот на ударот во близина на стадионот сериозно се затресе, а на 5:00 минута во видеото ќе го видите моментот кога се стресе се во моментот на силен звук кој го преплаши стадионот.
Инаку натпреварот заврши со победа од 2:0 на домаќините.