ВИДЕО: Tуркмените започнале да ја совладуваат војската на Асад, се додека не дошле Русите

Објавено: среда, 29 јуни 2016 во 10:13
Spread the love

Офанзивата на Туркмените на позициите на Сириската арапска армија во Лакатија е завршена уште пред да почни.

Руските авиони за само еден ден го растурија нападот долж границата со Турција, а Туркмените почнале да се повлекуваат, оставајќи зад себе лешеви на своите соборци.

На почетокот на офанзивата, Туркмените имале успех и освоиле шест планински села.

Меѓутоа во битката брзо се замешала руската авијација, па терористите се дале во бегство, успевајќи да ја остварат главната задача на својата офанзива, освојување на два стратешки врва.

Сириски извори јавуваат дека линијата на фронтот сега е мирна, додека пак Туркмените целосно се повлекле. Од друга страна, терористите и понатаму ги држат некои од освоените села, но потврдуваат дека офанзивата е прекината.

Терористите објавија и снимки од борбите: