ВИДЕО: Тргнал во лов на школки, а завршил во устата на ѕвер од шест метри!
36-годишниот Анди Асо Еранг отишол да лови школки за ручек и повеќе не се вратил.
Неговата рака и нога биле пронајдени во стомакот на џиновски крокодил, поради што индонезиската полиција верува дека овој ѕвер го распарчил и изел.
Властите на Борнео го фатиле крокодилот долг 6 метри во близина на брегот на реката, каде два дена порано исчезнал 36-годишниот работник на плантажите со палми.
Потрагата по несреќниот човек завршила во четвртокот, кога биле пронајдени неговите екстремитети како пловат по реката во Калимантани.
Во полицијата рекле дека тогаш го забележале крокодилот во близина и го убиле.
Кога го отвориле крокодилот, таму најпрво ја пронашле левата рака и нога, а подоцна била пронајдена и главата.
Неговата сопруга вели дека тој заминал да лови школки за ручек:
“Никогаш не очекував дека таа ќе заврши”, рекла Аниса.