Избор на уредникотМакедонија

ВИДЕО: Тодор ја доинрал својата пензија во хуманитарни цели

Седум години на работ на сиромаштијата, со пет илјади денари од бирото, велешанецот Тодор Митушевски едвај ја дочекал пензијата. Но, тогаш го пречекал шок. Државата му дала пензија од само 3600 денари за неговиот 22 годишен работен стаж. Имал среќа, се здобил и со пензија од Словенија каде што поминал дел од својот работен век. И решил – македонската пензија додека е жив ќе ја донира на оние на кои им е неопходна.

„Реков јас дека тие пари што ги земам, ќе ги иневстирам кадешто има потреба. Не ми дошло мене до тие 3600 денари.“ – вели Тодор Митушевски – хуманитарец.

Немаштијата ја почувуствувал на свој грб. И тој и неговата сопруга останале без работа. Двата сина му студирале. Но, не се предавал. Верувал во системот, за кој 22 години одвојувал од својата плата. И кога системот речиси и да се пошегувал со него, Митушевски решил дека тие 3600 денари пензија ќе ги дава во хуманитарни цели. Од поодамна донира за црквата, но една случајна средба била доволна веќе три години, секој месец да донира по 500 денари за Црвениот крст.

„Го сретнав Миле кога одесе да плаќа сметка за кабловска и му побарав жиро сметка за да донирам. И оотогаш донирам.“ – вели Митушевски.

Луѓето од Црвениот Крст од Велес не паметат дека некој во 30 годишното постоење на организацијата континуирано одвојувал од своите примања за да донира.

„Овој случај на Тодор е специфичен заради тоа што од почеток донира сретства во фондот за солидарностна општинската организација на Црвен крст каде се акомулираат сретства, токму за тие намени, за доделување на помош на лица кои се нашле во неповолна положба.“ – вели Миле Маџаров – секретар на Црвен Крст – Велес.

Живееме во време на безумие и егоизам, а човечките вредности никој не ги цени, вели првиот човек на велешкиот црвен крист доктор Милчо Трајков. Затоа, овој гест на митушевски е уште позначаен, оти влева надеж за поинаков живот.

„Јас бев импресиониран од тој од 2015 стално уплатува по 500 денари на општинската сметка на Црвен крст, а не објавува јавно, ниту се фалел. Го правел тоа секој месец.“ – вели др. Трајков – претседател на Црвен Крст – Велес.

За својата огромна хуманост, општина Велес на Тодор Митушев годинава реши да му додели признание.

„Мило ми е шро постојат такви скромни луѓе кои имаат големо срце. Неговиот гест не го популаризирал и ги заслужува сите наши пофалби и неговиот гест треба да го следат сите“ – вели Аце Коцевски – градоначалник на Велес.

И речиси никој во Велес немаше да знае за хуманоста на Тодор Митушевски ако  новинарот Петре Печков не ги информираше градските власти за неговите дела.

„Го познавам одамна и знам за неговите хумани чекори, сакајќи да ги помага на социјално ранливите категории, не бирајќи цел дали е овој или оној. Од неговата пензија оделува пари за разни институции кои потоа ќе ги искористат тие сретства каде е најпотребно“ – вели Печков.

Тодор Митушевски вели – додека сум жив ќе давам пари на оние на кои најмногу им требаат. Сега знам дека мојот 22 годишен работен стаж не бил залуден. И драго ми е поради тоа, гордо истакнува Митушевски.

„Веќе сум експонирам, луѓето ме знаат и тоа ми значи. Тодор ќе продолжи со истиот ритам да донира каде има потреба.“ – вели Митушевски.

Кога се разделувавме од Тодор Митушевски, тој го подготвуваше нов чек со 500 денари за рвениот Крст. Можеби не се големи пари, но дадени се од човек со големо срце. Затоа, Велес го прогласи Тодор Митушевски за најхуманата личност за 2017 година.

Видео на Телевизија 24 вести

Поврзани вести

Back to top button