Свет

ВИДЕО: Те мразам, свињо! – шведски возач удрира мигрант

Возач на автобус во Шведска е суспендиран откако е објавена снимка на која тој удира мигрант и вербално го напаѓа. Инцидентот се случил на островот Оланд, на истокот на Шведска, во кој се наоѓа центарот за бегалци.

Мажот кој се појавува на снимката, идентификуван е како Мухамед, кој побегнал од Сирија и живее во камп на островот.

Во интервју за локалните медиуми, Мухамед изјави дека сакал да влезе во автобусот кога возачот му ја затворил вратата.

Потоа пријател го пренел до следната автобуска станица, каде Мухамед влегол во возилото. Тој навел дека го фотографирал возачот, бидејќи ова не му бил прв таков инцидент.

Кога автобусот стигнал до следната станица, возачот станал и сакал да го фотографира мигрантот поради што настанала полемиката.

На снимката е забележано и како возачот го удира азилантот и вика: „Те мразам, проклета свињо“.

Поврзани вести

Back to top button