Видео: Татко ги носи децата на игралиште, но по она што го снимиле, веќе никој нема да стапне таму
Објавено:
четврток, 7 јули 2016 во 16:41
Татко одлучил да ги однесе своите деца на игралиште, во американскиот град Ворвик, но таму имале несекојдневно искуство.
Таткото и неговите деца забележале дека една од нишалките започнува да се ниша само од себе, без да биде турната од било кој и без да дува ветер во моментот.
Семејството било само на игралиштето, а целата глетка ја снимиле со својот мобилен и ја ставиле на Фејсбук. Снимката ја погледнале повеќе од 4,5 милиони луѓе и е навистина застрашувачка.