Uncategorized

ВИДЕО: Со оваа апликација избришете ги СМС пораките испратени на погрешен број

Барате нов, посигурен начин за комуникација со вашите пријатели? Нема голем број апликации што нудат енкрипција со индустриска јачина, за нешто толку едноставно како што се СМС пораките со вашите пријатели, пишува Елит Дејли.

За среќа сепак постои една таква апликација која се вика Privates. Оваа нова апликација е дизајнирана да ги чува вашите пораки и да ги држи хакерите подалеку со помош на разни делотворни методи.

Апликацијата може бесплатно да се симне од Апс Стор, а користи голем број начини за да обезбеди сигурна комуникација, а меѓу другото и заштита од скриншот, самоуништувачки пораки, па дури и можност за повлекување на пораката.

Да, дури можете да ги отстраните и оние пораки што сте ги пратиле кога сте биле пијани, а подоцна сте зажалиле.

Без разлика дали праќате текстуална порака, видео или број на телефон, Privates овозможува комуникација во тотална сигурност. Дури ги чува вашите пораки и откако биле прочитани.

Моментално оваа апликација е достапна само за iOS уредите.

Поврзани вести

Back to top button