Свет

ВИДЕО: Силна експлозија одекна во Истанбул, има мртви и повредени

Силна експлозија одекнала утрово во Истанбул, на плоштадот „Султанахмет“, во близина на трамвајската станица и на Сината џамија.

Лекарски екипи се на местото на експлозијата, а наводно има мртви и повредени. Полицијата го блокираше историското јадро на Истанбул, кое, инаку, врие од туристи, објави Јутарњи лист.

Се истражува што ја предизвикало експлозијата, а полицијата верува дека се работи за бомба- самоубиец.

Од првите снимки на Твитер може да се види зачадениот плоштад и многу превртени автомобили, меѓу кои има и полициски возила.

 

 

Поврзани вести

Back to top button