Избор на уредникотРелигија

ВИДЕО: Секоја година на празникот Успение на Пресвета Богородица, во една црква доаѓаат змии кои буквално се галат со луѓето

Секоја година во Август на празникот Успение на Пресвета Богородица, во една црква има голем број змии кои буквално се мазат и галат со луѓето, па луѓето веруваат дека се благословени од Богородица.

Змиите долги и по неколку метри се појавуваат во црквата, а иако многумина тврдат дека се отровни, никогаш никого не каснале и повредиле на тој ден.

Девојка од Србија која живее во Грција каде е мажена, се решила да оди во оваа црква во Кефалонија и објавува видео од таму.

– Секоја година на 15. август во селото во Грција се одржува празникот, а змиите доаѓаат. Народот ги нарекува “Агиофида” или во превод Свети змии, вели Милица која ја посетила црквата.

Змиите на главата имаат шара како крст.

Поврзани вести

Back to top button