Живот

ВИДЕО: Разликата меѓу белите дробови на пушачите и непушачите ќе ве шокира!

Повеќето луѓе знаат дека пушењето е исклучително штетно  и предизвикува сериозни болести, но некои луѓе – особено оние зависниците од никотин не можат да се справат со искушението да запалат цигара.

Освен што можат да заболат од рак на белите дробови и срцеви заболувања, пушачите се изложени и на ризик од бронхитис.

Белите дробови се витален орган со чија помош целиот наш организам се снабдува со кислород. Погледнете до кој степен белите дробови на еден страствен може да ја загубат својата функција.

Кај непушачите имаат розева боја, и кога ќе земат здив, тие се пумпаат неколку пати повеќе од својот капацитет. За разлика од нив, на пушачите белите дробови им се црни, исцедени, слаби и целосно одвратни за гледање, а покрај тоа тие не се во можност во целост да ја вршат својата функција.

Ако белите дробови му изгледаат вака, замислете во каква состојба е лицето на овој човек. Ако сте пушач, бидете сигурни дека вашите органи за дишење се на добар пат да завршат во ваква состојба.

Затоа, можеби токму овој е моментот, вашата пуш – пауза да ја искористите за нешто попаметно и покорисно. Прошетајте, направете неколку круга околу зграда, изедете мандарина, јаболко, испијте една чаша вода. Ако повторно имате силна желба да запалите цигара, погледнете во ова видео повторно.

 

Поврзани вести

Back to top button