Свет

ВИДЕО: Проговори Германецот кој го изеде љубовникот

Армин Мејвс во 2001. година го убил својот љубовник Бернд Брандес и го изел, а прв пат јавно проговорил за тоа во документарецот “Интервју со Канибалот”.

Целата приказна започнала со оглас во кој жртвата, Бернд, напишал дека бара маж кој ќе му дозволи да го изеде жив. Така Мејвс и Бернд за прв пат стапиле во контакт.

Во документарецот, канибалот објаснил како таа вечер запалил свеќа и направил романтична атмосфера.

“Првиот залак беше премногу чуден, прв пат пробав човечко месо. Тоа беше нешто на што чекав 40 години, вкусот беше совршен”, рекол Мејвс и додал дека вкусот бил сличен на свинско.

Пред да го убие, Мејвс го издрогирал Брандес за да го успие, по што му го пресекол пенисот. Потоа го одвел во бањата каде го сместил во када. Прво му читал делови од Војна на ѕвездите, за во следниот момент да го убие со нож.

По ова злосторство, Мејвс својот љубовник го исекол на парчиња, главата му ја закопал во градината, а остатоците од телото ги ставил во фрижидер.

Поради убиството на љубовникот го уапсиле во 2002. година, кога тврдел дека во фрижидерот има месо од дива свиња. Во затвор минал 8 години, а во 2004. година го прогласиле за виновен за убиство без умисла. По излегувањето од затвор станал вегетаријанец.

Поврзани вести

Back to top button