Uncategorized

Видео: Професорка изведе стриптиз: Учениците ја снимале додека таа им ги покажувала градите

Учениците од италијанскиот град Прато, со камерите од своите мобилни телефони снимиле нешто што не се случува често. Имено, нивната професорка им извела стриптиз во училницата.
Овој условно кажано секси танц на професорката, секако, веднаш заврши на социјалните мрежи и предизвика жестоки реакции од родителите, управата на училиштето, но и целата италијанска јавност.

Локалните медиуми пренесуваат дека станува збор за професорка по информатика, но засега не се објавува нејзиниот идентитет во медиумите.

Во краткото видео може да се види како професорката танцува, ја подига црната маица и ги покажува градите во бел градник. Очигледно е дека професорката е свесна дека нејзините ученици ја снимаат затоа што во еден момент од видеото, се загледува во камерата и се смее.

Директорката на училиштето, Марија Грациа Темпести изјави дека е шокирана од видео снимката и порача дека е започната истрага за инцидентот, а против професорката е започната дисциплинска постапка. Во коментарите на социјалните мрежи во главно се истакнуваше дека таквото однесување доликува во ноќен клуб, а не во училница.

Поврзани вести

Back to top button