Uncategorized

Видео: Ова е најубавата плажа на светот

Многу туристи по доаѓањето на сејшелскиот остров Ла Диг се упатуваат директно на плажата Ан Сурс Даржон, која се смета за најфотографираната плажа во светот.

Замислете ја следната сцена – мал светкав бел ситен песок, големи камени карпи, од кои природата со текот на времето извајала величенствени скулптури и смарагдно зелена вода.

Секако овој „дијамант“ не е совршен. На моменти е преплавен со туристи, особено за време на плимата, кога поголемиот дел на плажата привремено исчезнува, а бидејќи водата е многу плитка и некаде богата со алги, местото не е погодно за пливање.

Сепак, ако некогаш одлучите да го посетите островот погрижете се да поминете повеќе од еден ден. Лесно може да пронајдете дрво, под чија сенка можете да уживате, имајќи впечаток како да се наоѓате на крајот на светот и дека ова парче рај го имате само за себе.

Патот до плажата води преку паркот L’Union Estat, за чија посета ви се потребни седум евра. Затоа задолжително чувајте го билетот (важи за цел ден) кога ќе оите во Ан Сурс Даржон.

Најубавите фотографии се прават во доцните попладневни часови кога бојата на плажата и морето се најинтензивни. Плажата е свртена кон запад, така што може да се гледа прекрасното зајдисонце.

Ако во меѓувреме се заморите од авантурата и огладнете, спасот можете да го побарате во околните сламени колиби, каде се продаваат освежителни пијалаци и свежо овошје.

Поврзани вести

Back to top button