Мистерии

Видео: Ова би можело да биде порака од некоја напредна цивилизација!

Радио- телескопот во Русија забележал силен сигнал од Вселената од правец на ѕвездата XD164595, одалечен 95 светлосни годнини од Земјата.

Иако телескопот РАТАН- 600 го фатил сигналот уште минатата година, тоа дури сега е обелоденето и ги возбуди научничите, пишува агенцијата АФП.

„Никој не тврди дека станува збор за вонземска цивилизација, но тоа секако треба да се истражи“, Вели Пол Глистер, кој се занимава со истражувања на Вселената.

Галксијата од каде доаѓа сигналот има најмалку една планета. Експертите се оградуваат да коментираат бидејќи е се уште рано да се шпекулира за значењето на сигналот и изворот од каде потекнува, но велат дека е доволно „предизвикувачки“, да научниците кои работат на телескопот РАТАН- 6– посакаат цело време да го набљудуваат тој дел од Вселената.

rusija1
„Ако станува збор за изотропски зрак на светлина, би можела само да ја испрати цивилизацијата од типот Карадашев II “, вели Глисер. Кардашев e степен на технолошки развој на цивилизацијата предложена од страна на рускиот астроном Николај Карадашев, а тип II значи дека може да се користи енергијата на целата ѕвезда која е во близина, додека тип III, на пример, може да ја користи енергијата од целата галаксија, а тип I е само енергија која доаѓа до ѕвездата од нејзината планета.

rusija2

“А доколку се работи за мал сигнал фокусиран на нашиот Сончев систем, тогаш тоа е технологијата која е достапна на цивилизацијата од тип Кардашев I, блиска на нашите можности”, додава тој.“

АФП пишува дека се очекува овој сигнал, забележан на фреквенцијата од 11 гигахерци, да биде една од темите на скорешниот симпозиум од угледни астрономи во Мексико.

rusija3

Но некои експерти сметаат дека не треба прерано да се радуваме, бидејќи постои можност да се работи за некој облик на комуникација помеѓу одредени сателити во земјината орбита и „станица“ на површината.

„Секако ќе следам за што станува збор, но нема целата приказна да ја преувеличам, бидејќи потенцијално се работи за нешто што е од војно потекло“, смета Ник Сантез, астроном од Тексас.

Поврзани вести

Back to top button