Македонија

Дихово меѓу 50-те најдобри тајни локации во Европа

Македонското село Дихово, под падините на Баба планина, се најде меѓу 50-те најдобри тајни локации во Европа, според реномираниот туристички водич Lonely Planet. Порталот “Lonely Planet” ги задолжи своите експерти да понудат по пет локации, кои што луѓето ќе ги инспирираат за нивното следно патување.

dihovo1

Нивната задача беше да одберат места кои што се речиси занемарени во светските водичи, меѓутоа истите се дестинации кои нудат незаборавно искуство.Водени од мислата дека се прекрасни, а не доволно популарни, “Lonely Planet” ги повика своите читатели да ги посетат овие места и да уживаат во нивните магии.

Така, на листата на тајни локации во Европа се најдоа Лошињ и Музејот на улична уметност во Загреб во Хрватска, српската престолнина Белград, Морињ во Црна Гора и селото Дихово во нашата прекрасна Македонија.

Откријте ги нашите 50 тајни локации и вашето следно патување на Стариот континент ќе биде незаборавно”, ви порачуваат од “Lonely Planet”.

dihovo10

Поврзани вести

Back to top button