Свет

Видео од апсењето на Рамуш Харадинај

 

Рамуш Харадинај вчера беше уапсен на аеродромот во Базел, на француската страна, а врз основа на барање од Србија од 2004 година заради злосторства на Косово.

Француски полициски извори оваа вест ја потврдија за британските медиуми, наведувајќи дека граничната полиција го уапсила Харадинај веднаш по пристигнувањето на аеродромот Базел-Милуз, на истокот од Франција каде допатувал со лет од Приштина.

Базел се наоѓа на тромеѓето меѓу Швајцарија, Германија и Франција, па градската зона се простира низ трите држави.

Претходно семејството на Харадинај за приштинските медиуми потврди деја тој е уапсен во Франција.

Србија го товари Харадинај за убиства и тешки злосторства на Косово во текот на 1998 и 1999 година.

Рамуш Харадинај е поранешен лидер на ОВК и поранешен косовски премиер.

Хашкиот суд во 2012 година го ослободи Харадинај од обвинението за воени злосторства. Тогаш Харадинај и неговите поранешни помошници Идриз Балјај и Лахи Брахимај беа пуштени на слобода.

Поврзани вести

Back to top button