Свет
ВИДЕО: Објавена снимка од пресметката на полицијата со жена која со мачета рани три лица
На интернет се појави снимка на која се гледа како белгиската полиција пука во жена вооружена со мачета, која вчера рани три лица во Брисел, пренесува Дејли мејл.
На почетокот на снимката се гледа како жената седи на столче во трговски центар и како ѝ се приближуваат шест полицајци. Но откако полицајците побарале од жената да го остави оружјето, таа одбила и почнала да бега.
Во позадината се слуша глас кој ги поттикнува полицајците да пукаат.
На улицата пред шопинг центарот еден од полицајците од многу мала одалеченост ѝ пука на жената во рака, и тука завршува снимката.
52-годишната жена од Филипини е обвинета за обид за убиство и понатаму чека на испрашување. Таа во моментов е хоспитализирана.