Свет

ВИДЕО: Нова масовна тепачка во парламент

Пратениците на владејачката партија и опозицијата се степаа во турскиот парламент по жолчната расправа поради промената на уставот.

Одборот за уставни прашања на парламентот заседаваше вчера по повод предлогот на владата да се укине имунитетот на пратениците откако седницата минатата недела прерасна во насилство.

На снимките се гледа како пратениците на владејачката Партија на правдата и развојот и прокурдската Народна демократска партија се тепаат во просториите на одборот по жестоката вербална расправа.

Шефот на парламентарниот клуб на НДП во парламентот Идрис Балукен го повредил рамото, наведуваат медиумите.

Неколку пратеници скокнале на масите од каде можеле подобро да ги дофатат своите противници, додека некои пратеници се обидувале да ги смират тензиите. Пратениците фрлале шишиња со вода и други предмети по салата, пренесува АФП. Портпаролот на владата Нуман Куртулмус ги осуди сцените на насилство во парламентот.

– Никој не треба да се надева дека со вакво однесување ќе ја натера владата да се откаже од своите планови, предупреди тој и додаде: Што и да се случи, предлогот да се укине имунитетот на пратениците ќе биде претставен во парламентот.

Поврзани вести

Back to top button